Добредојдовте во слаткиот свет на пчеларската фарма БЕЌАРОВИ, каде што традицијата и природата ги создаваат најдобрите пчелни производи.


Нашата мисија е одржливо управување со пчелините колонии, со цел создавање на хармоничен однос помеѓу пчелите, пчеларите и животната средина. Ние сме посветени на етички практики кои не само што создаваат висококвалитетен мед, туку и придонесуваат кон подобрување на локалниот екосистем.
Наша цел е со здрави пчеларски практики да придонесиме кон подобро опрашување на локалната флора, подобрување на локалниот биодиверзитетот и да ја запознаеме локалната заедница за суштинската улога на пчелите во нашиот свет.
Во 2018 година, Ливадскиот мед од пчеларската фарма Бекарови направи значителен впечаток на меѓународниот натпревар за квалитет на пчеларски производи 'Медена Тузла'. Овој извонреден производ беше награден со златен медал за својот врвен квалитет, а потоа следуваше и престижна златна плакета, признавајќи го како најдобро оценет мед во категоријата на ливадски медови. Ова признание не само што го потврдува ангажманот на фармата за одличност, туку исто така ја става на чело на производството на мед од висок квалитет на меѓународно ниво.
Во 2019 година, пчеларска фарма Бекарови на меѓународниот натпревар за мед 'Медена Тузла 2019', учествувајќи со нивниот ливадски мед, ливадско-планински мед и планински мед, Беќарови постигна голем успех. Планинскиот и Ливадско-планинскиот мед беа награден со златен медал за својот извонреден вкус и квалитет. Покрај тоа, нивниот ливадски мед доби сребрен медал, што дополнително го истакнува ангажманот на фармата за производство на разновиден асортиман на медови од висок квалитет.
Во нашата online продавница можете да направите нарачка
Погледнете ги случувањата во нашиот пчеларник

























.webp&w=828&q=75)